Трите ѕвезди на култната телевизиска серија „Пријатели“ – Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиза Кудроу – се собраа неодамна во куќата на Џенифер, каде што заедно го гледаа доделувањето на виртуелните награди „еми“.
Тие го изненадија водителот Џими Кимел кога Џенифер откри дека заедно ја гледале церемонијата.
Зборувајќи преку видеоврска со Џенифер, која претходно се појави лично во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, Џими беше изненаден кога ја виде Кортни со неа.
Кортни одговори: „Секако дека сум тука, живееме заедно“, а Џенифер додаде: „Ние сме цимерки од 1994 година, Џими“. Лиза потоа зачудено праша: „Дали е ова телевизија во живо?“
Триото глумеше во популарната серија со Мет Лебланк, Метју Пери и со Дејвид Швимер.