СТУДИЈА ОТКРИВА ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ

Мозокот на просечен возрасен човек тежи помеѓу 1.300 и 1.400 грама и е долг околу 15 сантиметри. Но тоа не било случај секогаш. Според студијата објавена во списанието „Брејн, бихејор енд еволушн“, големината на човечкиот мозок се намалила во последните 50.000 години, и тоа значително. Како што истакнува во студијата научникот од Природонаучниот музеј во Лос Анџелес, Џ.M. Стибел, големината на човечкиот мозок е намалена за повеќе од пет проценти кај современите луѓе, во споредба со нашите предци.
Според Стибел, промените во големината на телото се објаснуваат со неодамнешните промени во големината на мозокот. Исклучок се современите примероци, каде што нивоата на енцефализација останале доста стабилни во последните 50.000 години.
– Иако современиот примерок од мозокот покажал релативно ниско ниво на енцефализација, зголемувањето на БМИ (индекс на телесна маса) се чини дека е одговорно за промената на големината – објаснува Стибел, додавајќи дека резултатите од неговото истражување сугерираат дека релативното неодамнешно намалување на големината на мозокот е одговор на промените во физиологијата, особено во однос на телесната тежина и големината на главата.
Меѓутоа, тој додава дека постојат силни докази за поврзаноста помеѓу големината на мозокот и когнитивните функции кај луѓето.
– Недостигот од структурни промени што го прават мозокот ефикасен и значителното намалување на големината на мозокот може да доведат до намалување на когнитивните функции – предупредува Стибел и истакнува дека проблемот е што податоците од други студии покажуваат дека, покрај еволутивното намалување на големината на мозокот, намалени се и когнитивните способности.