Серијата „Игра на октоподи“ во октомври официјално стана најгледаната серија на Нетфликс на сите времиња. Од Нетфликс објавија дека оваа серија ги соборила сите рекорди на гледаност и, генерално, стана нивна најгледана содржина досега. Податоците за гледаноста, Нетфликс ги објави на својата новоотворена веб-страница, која ги прикажува најпопуларните серии и филмови на Нетфликс на глобално ниво и во повеќе од 90 земји.
Првата сезона од серијата „Игра на октоподи“ била гледана 1,6 милијарда часа во првите 28 дена од објавувањето и помина девет недели меѓу 10-те најдобри серии на Нетфликс. Само минатата недела собрала 42.790.000 часа на гледаност на глобално ниво. На второ место по гледаност е филмот „Ред нотис“ со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс во главните улоги, кој е гледан 148,7 милиони часа на глобално ниво, откако дебитира на 12 ноември на Нетфликс.
Најпопуларна серија минатата недела беше третата сезона на серијата „Наркос“ – Мексико, со 50,3 милиони часа гледаност. Секој вторник, Нетфликс ќе ја ажурира страницата со тoп 10 најгледани серии и филмови на услугата за стриминг.