Француското министерство за култура во декември 2017 година ја запре продажбата на ракопис на Маркиз де Сад на аукција и го прогласи делото за национално богатство. Исто така забрани и негов извоз од Франција.
– Франција го набави оригиналниот ракопис на „120 дена Содома“ на Маркиз де Сад за 4,5 милиони евра и со тоа го зачува ракописот, кој го смета за национално богатство – објави француското министерство за култура.
Еротското ремек-дело од 18 век со текот на вековите имало бурна судбина, но сега иднината му е сигурна во Франција, откако еден приватен донатор се вклучи со пари за откуп.