Тилда Свинтон ѝ се приклучи на актерската екипа на новиот филм на Дејвид Финчер, „Убиецот“. Овој трилер е базиран на истоимениот француски стрип од Алексис Нолент.
Во филмот ќе глуми и Мајкл Фасбендер. Снимањето требаше да започне оваа есен во Париз, но беше одложено за следната година. „Убиецот“ ја следи приказната за убиец што паѓа во психолошка криза во свет без морален компас.
Сценариото го напиша Кевин Вокер, кој соработуваше со Финчер на филмот „Седум“ во 1995 година. Свинтон го потврди своето учество во филмот во интервју за списанието „Плејлист“, но не откри детали за улогата.
Кон крајот на минатиот месец, Свинтон се појави со ќерката Онор Свинтон Брн во трејлерот за филмот „Сувенирот втор дел“, на режисерката Џоана Хог. Таа ќе глуми мајка на млада студентка по режија (Онор), која е во врска со постар човек, кој е манипулативен.