Саудиска Арабија се обидува да ја намали зависноста од нафта, но тоа не е пречка да ја искористи својата индустрија за да создаде сосема нови туристички атракции. Блискоисточната земја ги најави плановите да претвори нафтена платформа во екстремен парк и одморалиште од 150.000 квадратни метри. Овој иден парк ќе се наоѓа во Персискиот Залив.
Проектот е финансиран од Фондот за јавни инвестиции (ПИФ), а дел од паркот ќе бидат три хотели и 11 ресторани. Целиот комплекс ќе се состои од неколку поврзани платформи, како и ролеркостери и други адреналински активности, како попбанџи-скокање и скокање со падобран.
Неодамна беа објавени известувања за идната атракција и видео што сугерираат што ќе ги очекува посетителите кога ќе одат да се одморат и забавуваат.
Овој проект е уникатна туристичка атракција, која ќе привлече туристи од целиот свет. Се очекува повеќето луѓе да доаѓаат од регионот на Персискиот Залив – се наведува во соопштението.
Засега не е познато кога ќе биде завршен екстремниот парк.