• Светло како ден: најновите Интелилукс ЛЕД пиксел лајт со 168 ЛЕД елементи
• Иновативно осветлување за сите: Приспособлива технологија, без отсјај, Интелилукс ЛЕД во новата „Астра“, „Грандленд“, „Инсинија“, „Мока“ и „Корса“
• Технологија со стил: Интелилукс ЛЕД интегрирана во лицето на брендот – Новиот „Опел Визор“
• Висока безбедност и издржливост: LED системите се потполно ефикасни и безбедни

Кога часовниците ќе се вратат на зимското сметање на времето следниот викенд, ќе се стемнува уште порано. За возачите, ова значи зголемена претпазливост, бидејќи видливоста и условите за осветлување се влошуваат доцна попладне. Но, ова не е проблем за возачите на автомобили од брендот „Опел“. Прилагодливата Интелилукс ЛЕД технологија без отсјај се користи во сите класи на автомобили кај моделите на германскиот производител на автомобили, од бестселерот за мали автомобили „Опел Корса“ до привлечната „Опел Мока“ и водечката „Опел Инсинија“. Исто така опционално опремени со најновата генерација на Интелилукс ЛЕД пиксел лајт се целосно новата „Опел Астра“, која неодамна ја прослави својата светска премиера, и новото издание на „Опел Грандленд“.

Премиум светло за компактната класа: „Нова Астра“ со Интелилукс ЛЕД пиксел лајт има долга традиција да обезбедува најдобра видливост, а со тоа и највисоко ниво на безбедност за ноќно возење. Astra игра водечка улога како технолошка платформа, што ги прави иновациите достапни за широка маса на купувачи. Вистински новитет овде е водечката светлосна технологија. Во 2015 година, претходната генерација („Европски автомобил на годината 2016“) донесе револуционерна матрична светлина во компактната класа. Сега пристигна следната фаза на развој. IИнтелилукс ЛЕД пиксел лајт познат од предводниците на „Опел Инсинија“ и новиот СУВ на „Грандленд“ ја слави својата премиера со новата „Астра“.

Со вкупно 168 ЛЕД елементи (84 по фар) предизвикувачот на компактната класа обезбедува прецизна и флуидна шема на светлина во секое време, без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот.

Ултра тенките предни светла ги „пресекуваат“ возилата што доаѓаат од конусот на светлина, со точна прецизност во рок од милисекунди. Останатите области остануваат целосно осветлени со долго светло.

Технологијата Интелилукс ЛЕД е супериорна во однос на ксенон или конвенционални системи за осветлување, бидејќи е попрецизна и помоќна. Штом автомобилот ги напушта урбаните области, матричните фарови автоматски се префрлаат на долго светло и континуирано ја прилагодуваат должината и распределбата на светлосниот конус. Другите учесници во сообраќајот не ги заслепува светлината, додека останатиот дел од патот и неговата околина остануваат силно осветлени. ЛЕД светлата се вклучуваат автоматски, штом системот не забележува светла од други возила.

Благодарение на Интелилукс ЛЕД возачите исто така можат да забележат предмети или движења на патот, многу порано. Ова им дава повеќе време да реагираат соодветно, на пример, кога животните неочекувано ќе го преминат патот.

Покрај зголемувањето на безбедноста, Интелилукс ЛЕД системите исто така изгледаат навистина добро. Во новите „Опел Мока“, „Астра“ и „Грандленд“, фаровите се составна компонента на лицето на автомобилот, новиот „Опел Визор“.

Светло како ден, ефикасни и безбедни: целосните ЛЕД системи за осветлување на „Опел“

„Опел“ нуди слични LED системи и во други модели, кои се ефикасни и модерни. „Опел Мока“, на пример, стандардно доаѓа со целосен ЛЕД систем кој се состои од фарови, дневни светла, индикатори и задни светла. Во „Опел Кросленд“ како опција се достапни адаптивни предни светла со целосна светлина со светло за свиоци, помош за долго светло и автоматска контрола на опсегот.

Современите ЛЕД системи на „Опел“ се исто така потрајни и енергетски поефикасни од
конвенционалните фарови, што дополнително ја намалува емисијата на јаглерод диоксид.