Приватната компанија „Аксиом спејс“ откри дека ќе го изврши првиот комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (ИСС), додавајќи дека тоа ќе се случи најрано во јануари 2022 година.
„Аксиом спејс“ ќе лансира лет кон станицата што се наоѓа 408 километри од Земјата, јави „Индепендент“. Мисијата веќе го доби името „Ах-1“ и ќе ја предводи Мајкл Лопез-Алехрија, поранешен астронаут на НАСА, кој досега четирипати летал во вселената, а сега е потпретседател на компанијата.
Другите тројца членови на тимот се приватни инвеститори – Американецот Лери Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Ејтан Стибе.