Двете кучиња на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден стигнаа во Вашингтон и така ја обновија долгата традиција на живеење на милениците во Белата куќа. Доналд Трамп беше првиот претседател за повеќе од 100 години што немаше домашен миленик.
Бајден има два германски овчара, Чемп и Мејџор, кои веќе се адаптирале на животот во новите услови, објави Би-би-си. Двете кучиња веќе имаат многу обожаватели, а нивниот налог на Твитер има над 10.000 следбеници.
Мејџор ќе влезе во историјата и како прво куче спасено од азил за бездомници што завршило во Белата куќа.