Париската модна недела повторно ќе се одржи со ревии закажани за месецов, но без публика поради стравот од ковид-19, пренесуваат светските медиуми.

Француската федерацијата за мода ги известила модните куќи дека во согласност со инструкциите од полицијата забрането им е да канат гости и публика на своите ревии.

„Модните куќи смеат да одржуваат ревии во живо со модели, кои ќе се пренесуваат онлајн. Настаните ќе се одржуваат зад затворени врати, без публика“, стои во соопштението на Федерацијата за мода.

Вториот карантин во Франција заврши на 15 декември минатата година, но рестораните, кафулињата, кината, театрите и музеите сѐ уште се затворени.