Божиќните и новогодишните празници годинава ќе бидат поинакви за семејството Кардашијан. Со зголемувањето на случаите на ковид-19 во Калифорнија, Клои Кардашијан викендов потврди дека семејството годинава нема да ја организира нивната традиционална забава за Божиќ, објавува „Инсајдер“.

Одговарајќи на еден обожавател на Твитер, таа објасни дека божиќната забава нема да се одржи за првпат уште од 1978 година, и покрај тоа што минатиот месец тврдеше дека сепак ќе има забава.

– Прво здравје и безбедност – напишала таа на Твитер.

Во последниве неколку месеци семејството Кардашијан беше цел на критики поради организирањето забави со блиските пријатели, особено поради роденденската забава со тема од „Ноќта на вештерките“ за Кендал Џенер, како поради забавата организирана на приватен остров по повод 40-от роденден на Ким Кардашијан.

Традиционално, семејната Божиќна забава ја организираше Крис Џенер, иако во последните неколку години нејзините ќерки Кортни и Ким ја преземаа таа улога.