Неколку совети за нега на лицето

Најважно е навреме да се почне со нега на лицето и да се применуваат соодветни третмани според типот на кожата и возраста. Редовно правете козметички третман еднаш месечно, а, ако е потребно, и почесто. Еднаш годишно правете хемиски пилинг и вашата кожа ќе биде светла и сјајна.
Без вода нема убавина. Пијте вода и свежи напивки и спијте барем седум часа дневно. Секојдневно чистете ја кожата со млеко и тоник или, пак, со некое комбинирано средство и секогаш користете соодветен крем за вашата кожа. Еднаш неделно направете механички пилинг за да го отстраните слојот на изумрени клетки. Информирајте се за производите што ги користите и консултирајте се со стручно лице за нив.
Двапати годишно, наесен и напролет, правете хидротерапии со алги за длабока хидратација и ревитализација на клетките на кожата. Третманите се прават во серија и имаат цел да ја подготват кожата за студените или топлите денови. На овој начин се забавува процесот на стареење на кожата.