Славните личности, како оние глобално познатите така и оние од нашето поблиско опкружување, имаат обичај на своите деца да им даваат многу необични имиња. На пример, неодамна глумицата Скарлет Јохансон на својот син му го даде името Космо.

Таа во објава на Инстаграм го откри името на својот новороден син, кој го доби со сопругот Колин Џост. Инаку, Космо има убаво значење, доаѓа од грчкиот збор за хармонија и убавина, но истовремено тоа е името на едно од најпознатите списанија на денешнината, како и име на коктел. Ед Ширан и неговата сопруга Шери Сиборн на својата новородена ќерка ѝ го дале името Лира Антарктика, а Гвинет Палтроу и Крис Мартин завршиле на насловните страници кога објавиле дека нивната ќерка ја крстиле Епл. Едно од најконтроверзните имиња за бебе е изборот на Илон Маск, кој ќерката ја нарекол Икс Еш. Некои имиња звучат сосема бизарно, како што е Вики-Кал Ел, како што се вика синот на Николас Кејџ, и Пилот Инспектор на глумецот Џејсон Ли, додека други се неконвенционални. Пионер на чудни детски имиња беше Френк Запа, кој своите деца ги нарече Мун Јунит (месечева единица), Двизил и Дива Тин Мафин (дива тенок мафин). Децата на познатиот готвач Џејми Оливер и на неговата сопруга Џулиет Нортон се викаат Попи Хани Роуз (афион, мед, ружа), Дејзи Бу Памела (маргарита бу Памела) и Ривер Рокет Блу Далас (река, ракета, сино Далас). Кање Вест и Ким Кардашијан по раѓањето на првата ќерка Норт (север), добија уште три деца и ги нарекоа: Чикаго, Сеинт (светец) и Псалм. Раперот Рик Рос го крстил својот син Билион (милијарда), а Бијонсе и Џеј-Зи својата ќерка Блу Ајви (син бршлен).

Децата на Тони Брекстон се викаат Деним (тексас) и Дизел, а необично име има и ќерката на моделката Лаки Блу Смит, која се вика Гравити (гравитација).
Ваквите имиња не се реткост ниту на Балканот. На пример, Борис Новковиќ и неговата партнерка Ирис Вулф својата ќерка ја нарекле Си, а пејачката Маја Шупут на синот му го дала името Блум (цвет).