Британка го погоди името на кралското бебе и доби 180.000 фунти.

За време на целата бременост на војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), Британците се обложуваа на полот на бебето, името, датумот на раѓање. Квотите беа големи, а една среќничка вложи 120 фунти дека бебето на Меган и Хари (34) ќе се вика Арчи, според „Дејли мејл“.

Поради кралската принова, жената чиј идентитет не е откриен се збогати за дури 18.120 фунти. Внукот на жената која го доби облогот се вика Арчи и својата добивка таа планира да ја чува за него.

– Во име на Арчи вложив пари бидејќи така се вика мојот внук, кој всушност е роден на ист ден како и принцот. Мислев дека ќе биде забавно да се обложам и мојот Арчи ми донесе среќа – објасни добитничката.