Сара Џесика Паркер ќе се врати во улогата на њујоршката новинарка Кери Бредшо во новото продолжение на серијата „Сексот и градот“. Во новите епизоди ќе се појави и нејзиниот Крис Нот (Ѕверката), а славната телевизиска двојка ја сподели првата заедничка фотографија од сетот.
Иако првично беше објавено дека Нот нема да биде дел од снимањето на новите десет епизоди од сезоната насловена „И баш така“, славниот актер сепак се премисли и ја прифати понудата на „Ејч-би-о Макс“.
Објавени беа и првите фотографии на Ѕверката од снимањето на продолжението на „Сексот и градот“.
– Тие двајца. Се обложувам дека вечерва ќе бидат излезени до доцна – напиша кратко Џесика Паркер, споделувајќи фотографија со Нот.
Од друга страна, Нот исто така сподели фотографија од снимањето на својот профил на Инстаграм, со краток опис: „Повторно заедно!“
Според најновите гласини, во новите десет епизоди еден од главните ликови ќе почине. Сѐ уште не е познато за кого станува збор, но обожавателите на серијата веруваат дека тоа е ликот на Саманта, бидејќи актерката Ким Катрал одби да учествува во продолжението на серијата.