Чаеви што ги ублажуваат воспаленијата

Постојаната борба против воспаленијата е тешка за телото и со текот на времето може да доведе до слабеење на имунолошкиот систем. Едноставен начин за ублажување на инфекциите е испирање на цревата. Имено, пиењето чај има низа здравствени предности, а истражувањата покажуваат дека полифенолите во чајот, како и некои често користени билки што се наоѓаат во разни мешавини имаат силни противвоспалителни својства.
Чај од камилица – има многу предности, како ублажување на несоница и подобрување на варењето.
Чај од цимет – може да биде одличен додаток на повеќе чаеви, но се вари и самостојно. Има антивоспалително, антиоксидативно и антибактериско дејство.
Зелен чај – богат е со антиоксиданси, го штити срцето и спречува кардиоваскуларни болести.
Чај од куркума – ги смирува воспаленијата и помага во борбата против слободните радикали.
Чај од шипинки – богат е со антиоксиданси, полифеноли и галактолипиди, кои ги ублажуваат тегобите кај артритис.