Езерото Хилиер, сместено во австралискиот архипелаг Речерш, потсетува на гума за џвакање во розова боја. Оваа прекрасна локација го привлекува вниманието на многу туристи, иако не може директно да се пристапи до неа.

Причините за појавата на розовата боја сѐ уште не се научно утврдени. Се претпоставува дека е резултат на мешање на високо ниво соленост, алги дуналиела салина и халобактерии (познати како розови бактерии).

За разлика од другите розови езера, кои редовно ја менуваат бојата во согласност со температурните флуктуации, езерото Хилиер ја задржува својата розова нијанса во текот на целата година. Водата не претставува никаква опасност за луѓето, но пливањето во моментов не е можно, бидејќи островот се користи исклучиво за истражувачки цели.

Постојат неколку начини на кои туристите му пристапуваат на Хилиер. Воведени се шест лета дневно од аеродромот „Есперанс“, кои летаат над езерото преку блискиот национален парк Кејп Ле Гранд. Крстосувањата се исто така опција за туристите што сакаат да ги посетат оваа изолирана локација и околните шумски области.