Алтернативниот панк-рок состав „Д Хаундс“ (The Hounds) изработија видеозапис за песната „Заминувам од овде“.
Текстот е на Леана Таќи, а аранжманот и продукцијата на Јордан Манов.
За видеозаписот на оваа нумера се погрижија Филип Ѓорѓиоски и Петар Аврамоски од визуелната лабораторија „Тон бандитс“.
Видеозаписот е снимен на повеќе градски локации, а протагонистка во приказната е Ева Антулеска.
– Ова е наша последна песна од првиот албум, воедно последна авторска музика за 2018 година, но ветуваме дека за втор албум нема да чекате уште една декада – изјави фронтменот на бендот Златко Карчески.
Бендот „Д Хаундс“ постои од 2008 година.