Од режисерот Џејсон Рајтман и продуцентот Иван Рајтман, следното поглавје на оригиналниот филм од 1984 година, „Истерувачи на духови“, доаѓа оваа есен!
Заплетот на филмот „Истерувачи на духови: наследство“ се случува триесет години по настаните во вториот дел. Главни ликови се момчето Тревор (Фин Волфхард) и девојчето Фиби (Мекена Грејс), кои заедно со нивната мајка Кејли (Кери Кун) се принудени да го напуштат својот дом и да се преселат во трошна куќа на фарма во Самервил, Оклахома. Тој имот му припаѓал на нивниот покоен дедо, д-р Игон Спенглер, еден од егзорцистите од првите два дела на оваа паранормална сага.
Кога нивниот регион ќе го потресат низа неочекувани земјотреси и во локалниот затворен рудник ќе почнат да се случуваат чудни работи, децата одлучуваат да бараат објаснување за овие необични појави во архивата на нивниот дедо. Откако ќе откријат дека поседувал необично возило и оружје, ќе се впуштат во неверојатна авантура и ќе се борат против паранормалното.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Мекена Грејс („Капетан Марвел“, „Анабел доаѓа дома“), Кери Кун („Остатоци“), Фин Волфхард („Чудни нешта“, „Ити“), Пол Рад („Одмаздници: завршница“) и Ени Потс („Приказна за играчките 4“).