Од денеска прекрасниот амбиент на Винскиот музеј за регионот на Тиквеш кој се наоѓа во градскиот парк во Кавадарци е збогатен со уште едно уметничко дело, а тоа е големиот мурал од 16 метри квадратни со наслов „Гоздоберачка“ кој го изготвија уметниците од здружението „Роднокрајци“. Мотивите со грозје, винова лоза кошеви со грозје, буре за вино и гроздоберачка но народна носија во изминатиов период го насликаа уметниците: Ќоре јосифов, Горан Бев, Ива Јосифова даневски и Лазар Дојчинов. Откривањето на муралот беше пропратено со интерпретација на прекрасни стихови посветени на виното и лозата во интерпретација на поетесите: Тодорка Андова, Љубица Бошкова и Цветанка Колева и се разбира со дегустација на вина од кавадаречките винарии.

Целиот проект за наменскиот музеј на фасадата од винскиот музеј е финансиран од Министерството за култура, преку програмата за финансирање од национален интерес во делот на визуелните уметности, архитектура и дизајн како и од локалната самоуправа на Кавадарци. Според зборовите на директорката на винскиот музеј Весела Честоева двете културни манифестации ликовниот перформанс и откривањето на муралот се случуваат точно на вториот роденден на музејот. Досега музејот го посетиле повеќе од 65.000 посетители, а е домаќин на повеќе од 50 манифестации во најголем дел поврзани со промоција и дегустација на вино и ракии, празникот Св. Трифун, и деновите на младо вино како и бројни културни настани од областа на џез и класичната музика. Ми.М.