НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје оваа година од 25-ти август до 5-ти септември ја организираше манифестацијата Денови на Мајка Тереза.
Истата започна со отворањето на изложбата на мозаици на г-динот Изет Зеќири наречена „Мајка Тереза – од Скопје во Калкута”. Потоа следуваа поетски читања од друштвата на писатели Оенеум и АБЦ Поетике, промоција на песна и спот посветени на Мајка Тереза, промоција на збирка поезија од граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза”, читање на раскази од лиературен конкурс и доделување награди и благодарници за истите и прикажување на филм.
Манифестацијата заврши со Акцијата за дарување на крв во соработка со Црвениот крс на Македонија за кој има голема заинтересираност, као и од самите вработени така и од голем број на хумани луѓе. На настанот, уште поголемо знаечење му даде уметникот Живко Поповски – Цветин, кој симболички подели пет писма кои ги добил од Мајка Тереза, по повод 5-ти септември, ден на кој ја прославуваме годишнината прогласувањето на Мајка Тереза за светица.