Синоќа во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци беше отворена изложба на ликовниот уметник Мајкл Клоуз од Канада. Изложбата всушност е дел од колекцијата на градскиот музеј на градот Чазма од Хрватска која авторот ја донирал уште во 2002 година по неговата успешно претставување во Хрватска.
Мајкл Клоуз е роден во Канада. Дипломирал во 1977 година на престижниот и најстар Онтарио Колеџ на уметноста и досега има реализирано повеќе од 130 самостојни изложби од кои 18 во еминентни свестки национални галерии. Повеќе од 40 години работи на филмот, телевизијата и во театарот, пред се како сценограф. Низ уметноста го пронашол чуството на сопствена вредност која му недостасувала во детството, а што е најважно со уметноста го пронашол својот смисол за живот. Иако има искуство и практика вo многу облици на уметноста, со текот на годините се фокусира на портрети со користење на стилизирани лица и фигури.