Фото: Калиопи/инстаграм

По откажувањето на вчерашниот концерт на Калиопи во МТС арената во Белград, поради смрт на жена во публиката, која дошла со група обожаватели од Македонија, познатата македонска пејачка се огласи на социјалните мрежи:

– Ова е најтажниот ден во мојата кариера. Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт,загубивме еден живот. Во мое име и во име на целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас. Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт. Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, напиша Клаиопи во својата објава.

Се огласија и организаторите со соопштение, во кое се вели:

– Почитувани колеги, поради непредвидени околности, вечерашниот закажан концерт на Калиопи се одлага, а новиот датум дополнително ќе биде објавен. Сите купени влезници за вечерашниот концерт ќе важат и за новиот датум. За подетални информации наскоро ќе биде издадено официјално соопштение кое ќе биде достапно на сајтот на МТС арената, како и на нашиот профил на социјалните мрежи. Ви благодариме на разбирањето“.

Како што објави српски „Блиц“, пред самиот почеток на синоќешниот концерт на Калиопи во српската метропола, на жена во публиката и се слошило, но за жал и покрај брзата интервенција на брзата медицинска помош жената починала. Госпоѓата стигната на концертот со ќерката и со пријателки од Македонија и била на возраст од 70 години. Таа ненадејно колабирала, а лекарите на итната медицинска помош веднаш ја реанимирале на самото место, но безуспешно.

Калиопи многу емотивно реагирала, бидејќи наводно, таа ја познавала жената која почина.

По овој немил настан салата била евакуирана, а Калиопи, органзиаторите и бендот одлучиле концертот да не се одржи.

Според српски Курир, Калиопи, во врска со она што се случи синоќа во МТС арена, дала изјава и за српската полиција.

М.Т