Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ денеска го отвора VII Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.
Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.
А утре, во рамките на официјалната програма на XX ИФАД „Стоби“, на сцената „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“. Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска – Агава и Александар Михајловски – Пентеј, а актерите Григор Јовановски – Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.
Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу: „Перипетија продукција“, Македонскиот народен театар и Градскиот театар од Јанина, Грција. Двете претстави се во режија на Нина Николиќ.