Фото: Принтскрин

Израелската војска соопшти дека започнала „обемен“ напад врз центрите на Хамас во Газа.

И израелските одбранбени сили и израелските воздухопловни сили соопштија за операцијата на социјалните мрежи.

Тоа се случува во моментот кога Хамас продолжува со голем ракетен напад врз Израел од Појасот Газа.

Портпарол на Хамас претходно соопшти дека во израелските воздушни напади во текот на ноќта и утринава во Газа загинале четворица заложници кои ги држеле милитантите на Хамас.

Не се знае точно колку луѓе се во заробеништво на Хамас, кои биле киднапирани во Израел, а израелската војска утринава соопшти дека станува збор за „десетици“.

Претходно, израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, како дел од израелската борба против милитантната група Хамас.

-Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено – рече Галан, според израелските медиуми.

Тој посочи дека Израел се бори против, како што наведе, „животни во човечки облик“ и постапува соодветно.