Под слоганот „Гушни ги саканите со добра книга“, издавачката куќа „Топер“ го објавува својот специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените. Почнува кампања со широка палета наслови, сите достапни по намалени цени. Специјалната понуда е можност за секој читател да пронајде и да избере совршен подарок за својата љубов или, пак, да си подари моменти на уживање во светот на книгите.
– „Топер“ се издвојува со големата разновидност на издавачката сцена во Македонија, со најмалку 1.000 наслови за деца и со повеќе од 200 наслови за возрасни. Секоја книга, избрана со љубов, станува дел од несекојдневната приказна на читателот претворајќи го секој момент во волшебно искуство, посочуваат надлежните – велат оттаму.
Издавачката куќа, која со години е еден од најконкурентните издавачи на пазарот, ги посветува својата креативност и страст на разновидна и образовна литература нудејќи им на децата нови светови и ги учи со многубројни едукативни изданија и енциклопедии.
– Ние не само што го претставуваме светот на книгите за деца туку и постојано го збогатуваме со нови и свежи идеи. Веруваме во значењето на квалитетот, затоа целосно се посветуваме на создавање книги што не само што ќе ги забавуваат децата туку и ќе ги збогатуваат со нови знаења и вештини. Оваа година планираме да ја комплетираме едицијата лектири, проект што го почнавме минатата година, и да издадеме нови книги за деца, меѓу кои и книга со сензори, која е прва од тој вид на пазарот – изјави Ирена Станојевиќ, директорка на издавачката куќа „Топер“.