Фото: Приватна архива

„Сломи ме“ е насловен првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица од Хрватска, што нашата публика го запозна после учеството на реномираниот „Охрид фест“, што минатата година одбележа 30 години постоење.

Албумот содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров, а како автор е застапен и Горан Шарац.

Фото: Приватна архива

„Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров.

Фото: Приватна архива

Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, по што следеше негово учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, на Сплитски фестивал и и на „Охрид фест“.

Се надеваме дека наскоро Теди албумот ќе го промовира и во Mакедонија.

М.Т.