Плакат

Историски филм посветен на најголемиот војсководец на сите времиња „Александар Македонски – приказна од Пајонија“ ќе се прикажува во „Паблик рум“ в понеделник (20 април) со почеток во 17 часот.
Филмот е првиот документарен проект за Александар Македонски работен од македонски автори на англиски јазик.

– Што ќе имате можност да видите? Ексклузивни материјали: Фототипи од прастари книги и ретки историски мапи; Уметнички приказ: Богатство од уметнички дела кои го отсликуваат периодот; Јазик: Нарацијата е на англиски јазик, со обезбеден превод на македонски (титлови). Приказна која ги поврзува античките карти со денешниот простор, раскажана преку објективот на македонската продукција – велат организаторите.

Влезниците се достапни на tix.mk.

Плакат