Фото: З.А.

Драмските аматери при Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, вечерва премиерно ја изведоа драмската претстава „Последната реплика“ на текст на Габор Георге во режија на Михајло Петрески. Улогите во претставата ги толкуваа Весна Гаврилоска, мајката, синот-Ристе Ѓорѓиески и вештачката интелегенција.

Многубројните присутни задоволни ја напуштија театар салата и поскаа што почесто во нивниот град да се играат драмски претстави, било тоа да се од локалните аматери или од театри од други градови.

-Вечерва имавме прекрасна можност да проследиме една лесна комедија, која никого не остави рамнодушен што беше присутен во салата.Би посакале театарски претстви што почесто да се играат во нашиот град, бидејќи културата е важен сегмент и повисок квалитет во животот на граѓаните на Кичево – рече по претставата Слободан Трпески, редовно присутен на театарски претстави во градот.

Режисерот на претставата Михајло Петрески беше презадоволен од изведбата на неговиот тим и нагласи дека оваа драмска претстава ја подготвувале четириесетина дена и како што посочи тој, претставата во есен ќе гостува и во повеќе домови на културата низ републикава. З.А.