Изложбата „Цвеќе на мирот” на уметникот и хуманист Живко Поповски – Цветин беше отворена изминатиот викенд во Македонскиот културен центар во Њујорк.
Изложбата ја отвори Јордан Панев, генерален конзул на Македонија во САД, при што истакна дека после 33 години цвеќињата на мирот повторно пристигнаа во градот на светлината Њујорк.
– Изложбата насловена како „Цвеќето на мирот” е Цветинов заштитен и препознатлив знак. Живко Поповски-Цветин е синоним за хуманост, сестраност, љубов, мир, радост, градење мостови меѓу народите, сплотување и поврзување на сите народи без разлика на вера, пол, боја на кожа и припадност. Живко Поповски Цветин е кандидат за Нобелова награда за мир, досега подарил преку 60 илјади слики кои ги красат ѕидовите на многу претседатели, премиери, познати и признати личности (писатели, поети, музичари и слично) ширум светот, како и на сите генерални секретари на ООН на кои им врачил лична своја слика, а минатата година премиерот Димитар Ковачевски му подари слика од Цветин на Антонио Гутереш – посочи Пенев.
На отворањето на изложбата присуствуваа дипломати, бизнисмени и љубители на уметноста.