Чуадра Сан Кристобал, 1968 година

Локација: Мексико Сити
Архитект: Луис Бараган
Стил: модренистички
Материјал: камен

Дело на модернистичкиот архитектонски допир на славниот добитник на највисоката награда во архитектурата „Прицкер“, Луис Бараган, мексикански архитект и инженер, чија работа влијаеше врз современите архитекти, визуелно и концептуално. Неговата работа во Гвадалахара вклучува над десет приватни домови во областа Колонија Американа, кои се најраните проекти во творештвото на Бараган. Од 1966-68 г. го создал едно од неговите најпознати дела, Чуадра Сан Кристобал во Мексико Сити, каде што се гледа влијанието на европскиот модернизам.

Овој објект ги покажува типичните чисти линии на модернистичкото движење, како и користењето интензивни бои. Тој е триумф на геометријата и ја прикажува моќта на земјените тонови и генијалноста во едноставноста. Куадра Сан Кристобал има способност да направи надворешноста да се испреплетува со внатрешноста, не само преку употребата на застаклување туку и преку меѓусебното дејство на светлината и сенката и интеракцијата помеѓу покриените структури и непокриениот простор. Прозорците од подот до таванот се невидлив портал за сончевата светлина и глетките на бујните и прецизно уредени површини. Внатрешноста има 2.493 квадратни метри, четири спални соби и пет бањи, како и простории за живеење, поставени на првиот кат.

Секој простор во овој линеарен рај тече беспрекорно и доброволно во следниот, потпомогнат од апстрактни структури и употреба на водата за поврзување на инаку одделните зони. На имотот од 30.245 квадратни метри, фонтаните и мирните сини тонови се во контраст со теракотата, острите бели тонови и изненадувачки приспособливата розова боја на надворешните sидови. Поради афинитетот на сопствениците кон коњите, изградени се штали во рамките на теренот со можност за слободно движење на коњите низ просторот. Имотот содржи и два базена. Флуидноста промовирана во дизајнот ја носи смелата идеја дека минималистичките геометриски линии може да се омекнат преку употребата на боја и текстура, притоа користејќи ја моќта на елементите на водата и земјата. Овој спектакуларен простор е впечатливо дело на модернистичката архитектура.