Промоција на поетската книга „Патот“ од Виолета Танчева-Златева ќе се одржи денес во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со почеток во 12 часот.

Книгата е добитник на наградата на ДПМ „Ацо Шопов“ за најдобро поетско остварување во 2018 година.
За најновата поетска книга на Танчева-Златева ќе зборува Владимир Мартиновски.
Стихови ќе читаат Јулијана Величковска, Драгана Евтимова, Биљана Стојановска и Снежана Стојчевска.

Виолета Танчева-Златева е родена во 1968 година, во Струмица. Член е на ДПМ од 2000 година. Пишува поезија, проза и есеи. Ги објавила прозните книги „Книга за сонот“, „Враќања“, „Враќајќи се во Бориево“ и „Шарени писма“. Автор е на стихозбирките „Мојот Пикасо“, „Заробеници на молкот“, „Огнена“, „Нашата приказна“, „Година без лето“ и „Патот“. Добитник е на престижните награди за поезија „Браќа Миладиновци“ и „Ацо Шопов“.