Во рамки на одбележување на 30 години независнот на нашата држава, вечерва во објектот Куршумли Ан, ќе се одржи манифестацијата „Мултимедијална летна ноќ“.   Мултимедијалната ноќ , според организаторите, ќе го долови духот на филмот, музиката, поезијата, ликовната уметност, животот и творештвото на Блаже Конески, Кочо Рацин и Петре М. Андреевски, а ќе има и актерски и сликарски перфоманси.

Истакнати поети од различни генерации и националности, како Сузана Мицева, Стојан Арсиќ, Арлинд Фаризи, Лејла Шериф, Сејдо Јашаров ќе настапат со свои стихови и ќе испрезентираат и дел од своето творештво. Мултимедијалната летна ноќ, свое продолжение преку музика и поезија, ќе има на 14 септември 2021година исто така во објектот Куршумли Ан, кога ќе настапат и музичарите Глигор Кондовски на виолина, Јован Василевски на пијано и познатиот музичар Горан Трајковски.