Од светското кино

Една студентка по археологија од Финска, Лаура, која престојува во Русија подолго време и која навистина добро го зборува јазикот, тргнува на пат од Москва до Мурманск со воз. Лаура има импулсивна афера со својата професорка Ирина. На почетокот сѐ оди по планот, но подоцна работите драстично се менуваат. Додека младите луѓе во возот се запознaваат и се откриваат, се раѓа романтична приказна. Но двете личности во кои верува Лаура имплицитно излегува дека се дволични. Она што секогаш ѝ помага во животот се нејзината љубопитност, искреност и исклучително отворен ум. Филмот е полн со страшни стереотипи за Русија, но како и да е нуди вистинско уживање според досегашните критики.
Критичарите го оценуваат „Купе број 6“ како неслатка романса, но сепак филм полн со шарм и нежност. Филмот е во режија на финскиот режисер Јухо Куосманен, а базиран е на истоимениот роман од Роза Ликсом од 2011 година.
Премиерата ја имаше на Канскиот филмски фестивал, а проекција имаше и на фестивалите во Карлови Вари, Ерусалим, Торонто, како и на фестивалите во Швајцарија, Лондон, Финска, Франција.
Филмот беше дел и од програмата на „Браќа Манаки“ каде што ја освои наградата „златна камера 300“ за најдобра фотографија на кинематограферот Јани-Петери Паси. Филмот беше награден за деликатниот и чувствителен начин на кој камерата ја понесува публиката на лудото патување на хероината од Москва до смрзнатиот север. Филмот е во копродукција на Финска, Русија, Естонија и на Германија.