Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва, концерт со наслов „Моцарт vs Пуланк“ ќе одржи триото составено од етаблираните музичари: Татијана Петрушевска Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано. Почетокот е во 20 часот, а на програмата ќе бидат делата на В.А. Моцарт: „Дивертименто Ес-дур кв. 252“, „Дивертименто Б-дур кв. 240“ и делото „Трио“ на Ф.Пуланк.

„Трио – обоа, фагот и пијано“ постои од 2014 година и на својот репертоар има композиции од различни епохи и форми, меѓу кои се делата на композиторите: Х. Брод, Т. Лалие, К. Фридеман, В.А. Моцарт, Ф. Пуланк. Првиот настап го имаше на концертот и промоцијата на цеде-ромот во чест на флејтистот Илија Зимбо. Следуваат концерти во Демир Капија, Куманово, Виница, Скопје.