Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во изложбениот салон – Империјал 1, во вторник, 7 мај 2019 година во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики насловена „ПТИЦИ (за мојата ќерка)“ од Јорданчо Кицовски.

На изложбата авторот ќе се претстави со 20 дела, работени акрилик на платно, создадени последниве три години.

Јорданчо Кицовски е роден во 1980 година во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје (графика, реставрација и конзервација). Слика на ѕидови и фасади, изработува сувенири, икони, слики, цртежи, стрипови…

Кицовски има реализирано една самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во Македонија и САД. Учествувал на неколку ликовни колонии во Македонија.