Македонска опера и балет, традиционално, на 12 и 13 јануари, со почеток во 20 часот, по повод празникот „Василица“ организира гала-концерт, кој годинава е насловен „Дискотреска“. Публиката ќе има можност да ужива во изборот на најдобрите дискохитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани. Ќе бидат изведени дел од познатите хитови на „Абба“, „Би Џиз“, Мајкл Џексон, Дона Самер и др.

Диригентка е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Вечерта ќе настапат познати имиња, како: Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар, а како специјален гостин на вечерта ќе се појави Кире Ѓоревски.