Фото: Принт-скрин Инстаграм

Претседателот на Украина, Влaдимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“.

Тој додаде дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици.

– Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби повеќе отколку во двете крвави и долготрајни војни во Чеченија – истакна Зеленски.

Тој додаде дека противникот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители, додека на руските војници им порача да загинат или да се предадат.