Фото: Официјален инстаграм профил на Волдимир Зеленски

Украина ќе направи сѐ за да ја добие војната против Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, додавајќи дека неговата земја се стреми да ги помине зимските месеци без да ја изгуби иницијативата на бојното поле, пренесуваат британските меидуми.

-Има замор, но ќе направиме сѐ што е можно за да победиме против нашиот непријател, а нашата контраофанзива продолжува, иако бавно, правиме се за да го потиснеме непријателот – изјави Зеленски за италијанскиот „СкајТг24“.

Зеленски истакна дека Украина ја чувствува поддршката на САД „во овие многу тешки времиња“ и е убеден дека така ќе биде и во иднина.

Зеленски додаде дека го поканил папата Франциск да ја посети Украина и рече дека би бил среќен доколку се случи таква посета. Притоа тој изрази благодарност до италијанскиот премиер Џорџа Мелони, нагласувајќи дека односите меѓу Киев и Рим се засноваат на заеднички вредности.

Украинскиот претседател во својата оценка за руската армија нагласи дека Русија е послаба отколку на почетокот на војната. Според него, Москва се обидува да го замрзне конфликтот, што не би и помогнало на Украина.