Фото: Веб-страница на украинскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до сонародниците, изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки.

– Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го направиме тоа – рече Зеленски во ноќното видео обраќање.

Зеленски истакна дека Украинците сега се борат за иднината на земјата во Билохоривка, Маринка, Авдијивка, Бахмут, Вухледар и Камијанка, пренесе „Си-ен-ен“.

Украинскиот претседател додаде дека е благодарен на сите војници кои ги ставија своите животи на линија во тие битки.

Зеленски посебно им оддаде признание на војниците на 92. механизирана бригада за нивните успешни операции во областа Бахмут.