Фото: Твитер

Украинскиот претседател Володомир Зеленски одржа средба со претставници на сите воени ресори, на која станало збор за претстојната офанзива и за одбраната на земјата. На средбата се разговарало и за добивање дополнителни системи за противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел.

– Беше одржан состанок на воениот кабинет. Ова е нашиот посебен формат на работа во тесен круг со оние кои се задолжени да ја бранат државата – објави Зеленски во видео објавено на каналот Телеграм, пренесен од украинските медиуми.

Украинскиот претседател изјави дека „одбранбените бригади“ извршувале главно стратешки задачи, но не навел детали, дообјаснувајќи дека „сега не е време за тоа“.

По успехот на украинските војници во интензивните борби за Бахмут, град во источна Украина, претседателот Зеленски ги пофали своите војници.

– Прво, одбранбените бригади завршија добра работа, ги исполнија најважните стратешки задачи – рече тој додавајќи дека и „ударните бригади добро си ја вршат работата“.

Тој, исто така, кажа дека воздухопловните сили и воздушната одбрана направиле „одлична работа“ во заштитата на цивилите.