Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика Западот да ја зголеми воената помош за Украина.
– Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони – изјави Зеленски на денешната прес-конференција, а пренесува МИА.
Тој посочи дека доколку падне Украина, следни ќе бидат балтичките земји.
– Ако нас не нема повеќе, не дај Боже, тогаш следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија – рече тој.