фото: Пиксабеј

Меѓународната финансиска, техничка и хуманитарна помош обезбедена за Украина изнесува повеќе од 15 милијарди долари, соопшти прес-службата на Народната банка на Украина.

– Народната банка проценува дека вкупниот износ на меѓународна финансиска, техничка и хуманитарна помош е над 15 милијарди долари, од кои над 5 милијарди долари се директно за буџетот – се вели во соопштението на регулаторот.

Прес-службата истакна дека западните партнери и меѓународните организации „се обврзаа да одвојат значителни суми за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и поддршка на нејзината економија“.

– Конкретно, ЕУ ќе обезбеди 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина. Групата на Светска банка исто така реагира. Се очекува финансирање од ММФ. Значителен број земји најавија поддршка – се вели во соопштението на Народната банка.