Фото: Пиксабеј

Во Белорусија за една недела се приведени повеќе од 100 лица, меѓу кои и неколку психолози и психијатри, противници на белоруските власти, соопшти Групата за човекови права „Весна“.

Од оваа група изјавуваат дека мнозинството луѓе се вработени во Минск, како и на запад и исток на Белорусија.

Опозициски активисти, новинари, медицински работници, членови на спортски клубови за стрелање и луѓе кои работат со дронови се на мета на властите, додаваат од таму.

Претставник на „Весна“ вели дека белоруските безбедносни сили спроведуваат рации и претреси на лицата осомничени за вмешаност во неодамнешниот напад на руски воен авион стациониран во близина на белорускиот главен град.