Фото: Принтскрин/Јутуб

Во земјотресот што го погоди западниот дел на Јапонија на 1 јануари загинаа 202 лица, соопштија денеска официјални лица. Според новиот биланс што го објавија локалните власти, 102 лица се водат како исчезнати.

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот полуостров Ното во префектурата Ишикава на 1 јануари.

Земјотресот уништи тесен појас долг околу сто километри во Јапонското Море, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и уривање на згради и патишта.