Фото: Марија Захарова/Твитер

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја предупреди американската влада за намерата да испрати касетни бомби во Украина.

Захарова потсети на претходната објава на Белата куќа дека употребата на касетна бомба е воено злосторство.

Таа на својот профил на социјалните мрежи изјави дека поранешната портпаролка на Белата куќа Џен Псаки на 28 февруари 2022 година напишала дека „употребата на касетни бомби е воено злосторство“, пренесува Анадолија.