Фото: Пекселс

Украинската регулаторна агенција за нуклеарна енергија денеска соопшти дека престанале да работат системите за контрола на радиоактивноста околу нуклеарната централа Чернобил.

Американските медиуми пренесуваат дека Агенцијата наведе дека со затоплувањето на времето во овој регион веќе нема пожарникари кои би ги заштитиле шумите што со децении се погодени од радиоактивност.

Руските сили го освоија Чернобил на 24 февруари.

Во соопштението на украинската регулаторна агенција се додава дека комбинацијата на ризици може да доведе до „значително влошување“ на способноста да се контролира ширењето на радијацијата, не само во Украина, туку и надвор од земјата во наредните недели и месеци.

Раководството на централата во Чернобил вчера соопшти дека се ротирани и сменети првите 50 вработени, кои без престан работеле од преземањето на централата од страна на руските сили.