Фото: Пeкселс

Киевската воена управа денеска соопшти дека противвоздушната одбрана во целост одбила уште еден „масовен“ напад на руски дронови.

– Русија повторно го нападна Киев од воздух. Според првичните информации, беспилотни летала од типот Шахид учествуваа во овој масовен напад – објави на Телеграм шефот на цивилната и вбоена управа на Киев, Серхи Попко.

Тој додаде дека „ангелите чувари на Киев“ ги собориле сите руски беспилотни летала. Според Попко во мај биле извршени 12 такви напади врз Киев.