Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска, 31 октомври, на Твитер објави дека Украина е решена да остане гарант за светската безбедност на храната и да продолжи да извезува жито. Тој додаде дека разговарал со Генералниот секретар на ОН кому ја потврдил посветеноста на официјален Киев на договорот за жито.

Руската армија денеска претходно соопшти дека сака Украина да се обврзе дека нема да го користи коридорот за извоз на жито за воени цели, по нападот на нејзината флота на полуостровот на Црното Море – Крим и го прекина договорот за извоз на жито од украински пристаништа.

Руските власти во саботата соопштија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, кој е од витално значење за снабдувањето со храна во светот, по нападот на црноморскиот полуостров Крим, зад кој Москва тврди дека стојат Украина и Велика Британија.

Претходно денеска, Обединетите нации ги доведоа во прашање наведените причини на Москва за суспендирање на договорот за жито со Украина.