Фото: Пиксабеј

Шест лица попладнево биле пронајдени смртно повредени од огнено оружје во атинското предградие Артемида во источниот дел на градот, јави дописничката на  МИА од Атина.

Од убиените, петмина биле застрелани во автомобил, а шестиот бил пронајден во непосредна близина на возилото.

Според првичните неофицијални информации, автомобилот бил со германски регистарски таблици, а веројатно станува збор за расчистување сметки.